Американската војска заплени седми танкер поврзан со Венецуела

Американската војска синоќа соопшти дека запленила уште еден танкер поврзан со Венецуела во Карипското Море, седма такво заплена откако американскиот претседател Доналд Трамп ја започна својата кампања за контрола на венецуелската нафта.
Јужната команда на САД, која надгледува неколку воени бродови и илјадници војници во регионот, соопшти дека моторниот брод Сагита е приведен „без инциденти“.
Во соопштението се додава дека заплената на танкерот, кој работел спротивно на карантинот за санкционирани бродови во Карипското Море, ја покажува решеноста на САД да обезбедат единствената нафта што излегува од Венецуела да се извезува на координиран и законски начин.
Администрацијата на Трамп ја фокусираше својата стратегија за надворешна политика во Латинска Америка на Венецуела, со цел да ја преземе контролата врз нејзините нафтени ресурси.
По апсењето на венецуелскиот претседател Николас Мадуро на 3 јануари, САД планираат долгорочно преземање на нафтената индустрија на Венецуела.
Претходно запленетите танкери биле или под санкции на САД или биле дел од „флота во сенка“ – бродови што го прикриваат своето потекло за да транспортираат нафта од земјите под санкции, вклучувајќи ги Иран, Русија и Венецуела.
МИА
Ново на Сител
-

До сабота променливо облачно со пораст на температурите, за викендот дожд и снег
-

Даниел Раевски - волонтер и спасувач на Црвениот крст кој за Водици извлече давеник од Вардар
-

Во Франција патник казнет со 200 евра зашто гласно зборувал на телефон
-

Минчев: Нема веќе доживотни функции и недопирливи позиции
-

Нормализиран сообраќајот на автопатот Велес-Скопје
-

Барал 100 евра за да избрише судска казна 200 евра и 6 месеци забрана за управување возило, уапсен судски службеник во Гостивар
-

РСБСП со апел за безбедно возење во зимски услови
-

ЦУК со апел да се патува внимателно и со зимска опрема за возилата
