Американската војска: Завршени последните напади врз цели во Иран

Американската армија соопшти дека Централната команда на САД (CENTCOM) ги завршила новите напади врз Иран, неколку часа откако претходно беше објавено нивното почнување по наредба на претседателот Доналд Трамп.
„Силите на CENTCOM извршија напади врз ирански воени капацитети за надзор, комуникациски системи и позиции на противвоздушната одбрана низ Иран. Средства на Маринскиот корпус, Воздухопловните сили и Морнарицата на САД употребија прецизно наведувана муниција врз ирански цели што претставуваа закана за американските сили и за меѓународните трговски бродови што пловат во регионалните води“, се наведува во соопштението објавено на социјалната мрежа „Икс“.
Од командата соопштија дека нападите се одговор на, како што наведуваат, „неиспровоцираната и континуирана иранска агресија“.
„Американските сили остануваат будни, подготвени и способни за дејствување“, се додава во соопштението.
Иранските медиуми, вклучително и државната новинска агенција ИРНА, објавија експлозии во близина на градовите Минаб и Сирик во јужниот дел на земјата.
Како одговор, Техеран соопшти дека целосно ја затворил Ормуската Теснина за бродскиот сообраќај, но од CENTCOM го негираа тоа.
„Трговските бродови продолжуваат да влегуваат и да излегуваат од Ормус“, соопшти американската команда.
Претходно вчера Трамп изјави дека САД ќе извршат напади врз Иран и покрај прекинот на огнот што беше во сила од април и напорите за постигнување договор за завршување на војната.
„Ги погодивме силно вчера и повторно силно ќе ги погодиме денеска“, рече Трамп пред новинарите.
МИА
Ново на Сител
-

Сончево и ветровито
-

Николоски: Градски воз ќе има, ветивме од 1 септември и од 1 септември ќе оперира
-

ЦУК: Три активни пожари на отворено, еден под контрола и осум изгаснати
-

Норис ја освои пол-позицијата на унгарското Гран при
-

Кражба од големи размери во електровлечната подстаница Драчево
-

ОЈО Прилеп отвори истрага против референт во Центарот за вработување за поткуп од 18.000 денари.
-

Муцунски го обвини Османи за извртување на фактите и избегнување одговорност
-

55 годишна жена пронајдена почината во коритото од чешмата во село Копаница
