Американските разузнавачки агенции проучуваат како би реагирал Иран доколку Трамп прогласи победа во војната

Американските разузнавачки агенции проучуваат како би реагирал Иран доколку претседателот Доналд Трамп еднострано прогласи победа во војната со Техеран, која одзеде илјадници животи и стана политичка главоболка за Белата куќа, изјавија двајца американски функционери и извор запознаен со ова прашање, цитирани од британски медиуми.
Разузнавачката заедница го анализира ова, како и други прашања, на барање на високи функционери на администрацијата. Целта е да се проценат потенцијалните последици од повлекувањето на Трамп од конфликтот, за кое некои функционери и советници се загрижени дека би можело да им нанесе големи загуби на републиканците на среднорочните избори подоцна оваа година, велат изворите.
Иако сè уште не е донесена одлука – а Трамп лесно би можел да ги засили воените операции – евентуалната деескалација би можела да го намали политичкиот притисок врз претседателот. Но, тоа би можело да го охрабри и Иран да ги обнови своите нуклеарни и ракетни програми и да ги загрози сојузниците на САД во регионот.
Не е јасно кога разузнавачката заедница ќе ја заврши својата работа, но претходно ја анализираше веројатната реакција на иранските лидери на прогласувањето победа од страна на Вашингтон.
Во деновите по првите бомбардирања во февруари, разузнавачките служби проценија дека ако Трамп прогласи победа и САД ги повлечат своите сили од регионот, Исламската Република веројатно ќе го смета тоа за успех, рече еден од изворите.
Ако Трамп наместо тоа каже дека САД победиле, но одржуваат силно воено присуство, Иран веројатно ќе го смета тоа за тактички маневар во преговорите, но не и за маневар што нужно ќе ја заврши војната, рече изворот.
„ЦИА не е запознаена со објавената анализа на разузнавачката заедница“, изјави Лиз Лионс, директорка на канцеларијата за односи со јавноста на ЦИА. Разузнавачката заедница одби да одговори на деталните прашања на Ројтерс за нејзината тековна работа по прашањето за Иран. И Канцеларијата на директорот на националното разузнавање одби да даде коментар.
Заменик портпаролката на Белата куќа, Ана Кели, изјави дека САД сè уште преговараат со Иранците и „нема да брзаат со лош договор“.
„Претседателот ќе склучи само договор што ја става националната безбедност на САД на прво место и тој јасно стави до знаење дека Иран никогаш не може да има нуклеарно оружје“, рече Кели.
МИА
Ново на Сител
-

Објавувала фотографии и навреди за сопругата на нејзиниот поранешен партнер - кривична за жена од гостиварско
-

Мицкоски: Нема да водиме мекотелна политика и дипломатија за пари како претходната влада, која го промени името и го лажеше народот
-

Иранците поканети на национален митинг за обнова на верноста кон иранскиот лидер
-

Тошковски – Сјаојан: Продлабочување на соработката и зајакнување на партнерството во областа на безбедноста
-

Силјановска-Давкова - Пармелан: Првата официјална посета на претседател на Швајцарија потврда за добриот развој на односите и силниот дијалог
-

Студентите во блокада за крајот на мај најавуваат голем митинг во Белград
-

ССМ организира протест на 1 Мај, ги повика работниците масовно да излезат
-

Српски Завод за статистика: Во изминатите 10 години во државата имигрирале над 167 илјади луѓе, најмногу од Русија
