Американските власти го привеле најпознатиот „тиктокер“ во светот, Хаби Лејм

Американската служба за имиграција и царина (ICE) го привела Хаби Лејм, најследениот креатор на ТикТок, поради престој подолго од дозволениот рок.
Лејм, кој има над 162 милиони следачи на ТикТок, е италијански државјанин со потекло од Сенегал. Тој стана глобално познат по своите тивки видеа во кои саркастично ги демонстрира „животните трикови“ и соработува со познати личности.
ICE потврди за порталот Mashable дека Хаби Лејм (25) бил приведен на 6 јуни на аеродромот „Хари Реид“ во Лас Вегас, Невада, поради прекршување на визените правила.
– Лејм влезе во САД на 30 април и остана подолго од дозволениот престој. На 6 јуни му беше одобрено доброволен заминување, по што ги напушти САД – изјави портпарол на ICE.
И покрај инцидентот, Лејм продолжи да објавува содржини на социјалните мрежи, но сè уште нема официјално соопштение од негова страна.
Ново на Сител
-

Власта задоволна - опозицијата бара нови мерки против кризата
-

Дојави за бомби во два трговски центри во Скопје
-

Поленските алергии го зголемија бројот на пациенти во клиниката „Козле“
-

Со прекуграничен проект се обезбедува нова опрема за итната медицинска помош во Југоистокот
-

100 години ЗОО Скопје
-

Трамп повторно се закани дека ќе го нападне Иран
-

Марш на ангелите во Штип за вистината и правдата
-

Тема на денот со Марјан Ѓорчев, екс амбасадор во Бугарија
