Американските власти открија тунел за трговија со дрога меѓу Мексико и САД

На границата меѓу американската држава Калифорнија и Мексико е откриен тунел долг 600 метри, опремен со електрична енергија, вентилација и железнички систем за транспорт на дрога, а бил користен за транспорт на кокаин во вредност од над 45 милиони долари, соопштија американските власти, цитирани од западните агенции.
Ископан на длабочина од околу 17 метри тунелот има зајакнати ѕидови и хидрауличен товарен лифт, соопшти американското Министерство за правда.
Тунелот ги поврзува мексиканскиот град Тихуана со магацин во Сан Диего, во близина на граничниот ѕид меѓу САД и Мексико.
Истрагата спроведена од декември до мај доведе до заплена на повеќе од еден тон кокаин што поминал низ тунелот, како и до апсење на четворица трговци со дрога.
Властите велат дека операцијата му нанела голем удар на мексиканскиот картел „халиско -Нова генерацијао“. Тие велат дека тунелот е исклучително добро изграден и технички софистициран. Видеата објавени од Министерството за правда покажуваат столбови и добро обликувани скали меѓу камените ѕидови.
Од 1993 година, во Јужна Калифорнија се откриени 99 подземни премини, соопшти Министерството за правда. Последното такво откритие е направено во 2022 година.
МИА
Ново на Сител
-

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економски раст потврдува дека сме на вистинскиот пат
-

Седумнаесет години од бродската несреќа на Охридското Езеро
-

Над илјада заразени во Европа од западнонилска треска
-

Патник од прва класа на лет во САД касал и удирал луѓе, па со селотејп го залепиле за седиштето
-

ЦУК: До 7:30 вкупно 31 пожар на отворен простор, од кои два се активни
-

Митева за Сител: Системот со карти за 8 Септември е поради безбедноста и за да нема огромни редици
-

Вучиќ: В среда или в четврток ќе ги распишам изборите
-

Над 15 отсто од Македонците се дебели – каде сме во споредба со Европа?
