Loading Video...
Кошарка
22. March 2022 - 17:07

Анадолу Ефес и Реал Мадрид ја отвараат 31-та рунда во Евролигата

Во кошаркарската Евролига од денеска до петок постојано ќе се игграат натпревари. На програмата се дуелите од 31-та и 32-та рунда. 
 
Токму со дербито во Истанбул (18.30 часот) каде Анадолу Ефес го пречекува Реал Мадрид беше одтворено 31-то коло во кое вечерва играат и: 
АЛБА БЕРЛИН –  БАРСЕЛОНА 20:00 часот 
ПАНАТИНАИКОС –  БАЕРН 20:00 
МАКАБИ Т.А. –  АРМАНИ МИЛАНО 20:05 
 
Останатите четири натпревари од ова коло на програмата се утре, а двојките се:
ЖАЛГИРИС –  ЛИОН ВИЛЕРБАН 19:00 часот
БАСКОНИЈА –  ФЕНЕРБАХЧЕ 20:30 
МОНАКО –  ОЛИМПИЈАКОС 21:00 
 
Инаку. Раководството на Евролигата денеска ја потврди одлуката да бидат исклучени трите руски екипи од ова натпреварување,  ЦСКА Москва, Зенит и Уникс, како и тимот на Локомотив Кубан кој се натпреваруваше во Еврокупот.