Loading Video...
Кошарка
29. April 2022 - 11:16

Анадолу Ефес обезбеди пласман на „фајнал-форот“ во Белград

И во Евролигата се играат четвртфиналните дуели од плејофот.  
 
Тимот на Анадолу Ефес му се приклучи на Реал Мадрид како втор учесник на завршниот Фајнал-фор. 
 
Анадолу ја доби четвртфиналната серија со Армани Милано со 3-1 во победи откако пред своите симпатизери славеше со 75-74. 
 
Тускиот и шпанскиот тим сега ќе ги очекуваат своите ривали во полуфиналната рунда до која поблиски се Барселона и Олимпијакос кои имаа предност од 2-1 во победи во серијата подобар до три. 
 
Првата шанса шпанскиот и грчкиот клуб ќе ја имаат вечерва за кога се закажани натпреварите број четири против Баерн и Монако и тоа на гостински терен.