Loading Video...
Кошарка
23. March 2022 - 11:54

Анадолу Ефес подобар од Реал Мадрид, лидерот Барселона без проблеми кај Алба

Екипата на Анадолу Ефес го доби дербито од 31.коло во Евролигата против Реал Мадрид. 
 
На натпреварот одигран во Истанбул, иако гостите во последната етвртина имаа и 10 поени предност сепак, победата им припадна на домаќините со 93-90. На 105.секунди до крајот Мициќ го постигна последниот кош на мечот, а „Кралевите“ имаа неколку напади да ја анулираат негативата, но не успеаја. 
 
Предност на домаќниот терен ја искористија и Панатинаикос и Макави кои ги совладаа Баерн и Армани Милано, додека единствената победа на гостите ја оствари водечката на табелата Барселона, која во Берлин ја совлада Алба. 
 
Денеска на програмата се преостанатите три средби од оваа рунда, а веќе утре и задутре ќе се играат мечевите од 32 коло. 
 
ЕВРОЛИГА  31.КОЛО
ВТОРНИК
АНАДОЛУ ЕФЕС –  РЕАЛ  МАДРИД 93 – 90 
ПАНАТИНАИКОС –  БАЕРН 80 – 67
МАКАБИ Т.А. –  АРМАНИ МИЛАНО 75 – 58 
АЛБА БЕРЛИН –  БАРСЕЛОНА 79 – 95 
СРЕДА
ЖАЛГИРИС –  ЛИОН ВИЛЕРБАН 19:00 часот
БАСКОНИЈА –  ФЕНЕРБАХЧЕ 20:30 
МОНАКО –  ОЛИМПИЈАКОС 21:00 
 
 
Кошаркарите на бителоски Пелистер вечерва од 21 часот го игра претпоследниот натпревар во дебитантската сезона во АБА 2 лигата. 
 
Пелистерци ќе имаат тешка задача да стигнат до поасакуваната победа, со која би ги сочувале теоретските надежи за опстаник во лигата. Тие вечерва ќе се сретнат со трето рангирената екипа на табелата, совенечкиот Хелиос тим кој заедно со Борац бана Лука се конкуренти на МЗТ Скопје Аеродром за првата позиција. 
 
Македонскиот првак со победата над домаќинот на турнирот Широки 91-78 се проби на лидеркото место, во исчекува на дуелот меѓу Борац и Сутјеска со кој ќе биде заокружено 10-тото коло.