Аналитичари: Најавите од блокада на македонските евроинтеграции се реалност
Бугарската изјава во која се бара бришење на македонскиот јазик, а која се најде во заклучоците на Европскиот совет за македонските евроинтеграции се реална закана за блокада на процесот, предупредуваат експертите.
Поранешниот вицепремиер за европски прашања Наумовски вели дека бугарските позиции не се за изненадување. Ветото од Бугарија е реалност имајќи го пред вид принципот на едногласност при одлучувањето на Брисел што Макеоднија веќе го искуси во случајот со Грција, вели Наумовски.
Но, што Македонија може да направи во ваков случај? Трошановски вели, да седне и да преговара.
Наумовски пак, вели македонските позиции за, жал, се врзани со договорот за добрососедство.
Секоја држава членка во Униата има право да настаува согласно своите национални позиции и Наумовски вели дека не гледа причина и Бугарија да отстапи од тоа.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
