Македонија
6. April 2023 - 21:17

Анализа: Дали МПЦ-ОА се користи во дневно-политички цели - Кој собира потписи во име на црквата?

Синодот на МПЦ ОА со остра реакција за злоупотребата на Црквата во политички цели кои деновиве се актуелни во јавноста. По протоколите кои ги договорија членовите на македонско бугарската комисија за историски прашања, МПЦ ОА се гласно се спротиставува и потенцира Охридската Архиепископија е дел од историскиот континуитет на Mакедонците. Од Синодот велат злоупотребата на светителите во дневно политичка конотација е крајно неприфатливо и понижувачки е да се стават светителите во тесни национално политички рамки.

- Така, на пример, светите браќа Методиј и Кирил, со целокупното нивно дело, го озариле целиот словенски свет со светлината на Христовото евангелие, па затоа сите словенски народи имале и имаат можност на својот јазик да сведочат за тоа Евангелие. Поради нивната посветеност и самопрегорност во мисионерската и просветната дејност, признаени се дури и за ко-патрони на цела Европа. Значи, дејноста на светите браќа, како и на сите светители, се протега врз целиот човечки род, и секое нивно омеѓување и прославување само со некои, а не со сите кои го почитуваат нивното богоугодно дело, ќе значи обид за ограничување, а со тоа и обид за обезначување на истото.

Владиката Тимотеј за Сител најави дека ќе реагираат и на повисоко ниво мешовитата комисија  да не се меша во црковните работи.

Во соопштението од Синодот во однос на прашањето за  Охридската Архиепископија велат треба да се знае дека без разлика кој седел на Охридскиот трон или до каде се протегала нејзината јуриздикција во текот на историјата, нејзиното паство најпостојано и најбројно го сочинувале македонските верници, така и денес македонските архијереи се изборија за нејзино вклучување во единство со останатите Православни цркви и возобновување на автокефалниот статус.

 И никој друг освен Македонците не го чувал и зачувал споменот за древната Охридска Архиепископија како за своја Мајка Црква и никој како Македонците не се обидел да ја обнови нејзината дејност. А имале можност!

И претседателот на здружението на историчари во Македонија вели дека комисијата не смеела и не смее да расправа за нешто што е историски факт што е потврдено и од македонската православна црква Охридска архиепископија.

Во меѓувреме во јавноста се појави и декларација на Австралиско новозеландската епархија за наводна заштита на името на МПЦ ОА што ја организира една политичка партија и владиката Петар преку епархијата а декларацијата ја објави државната агенција за иселенишство. Декларацијата предизвика остри реакции бидејќи  има за цел да спречи целосно признавање на МПЦ-ОА за автокефална црква.На ова Владиката Тимотеј најави дека деновиве сите верски заедници ќе испратат заедничка реакција.

По реакциите дека оваа државна институција  дава поддршка на одредени политички партии, реагираа од Агенцијата дека ниту е тоа нивни став ниту пак се меша во внатрешните работи на Црквата, туку само пренесува во целост објави на иселеници и иселенички организации.