Анализа: Дали партиите предвреме ја почнаа кампањата за локалните избори?
Летово ќе биде жешко за кандидатите кои ќе бараат мандат на локалните избори сметаат експертите. Во последните денови се почести се активностите на власта во општините низ земјата каде главна поддршка за работата на градоначланиците пристигнува од премиерот. Политичките аналитичари оценуваат дека кампањата веќе на големо е почната и за власта и за опозицијата. Петар Арсовски смета дека во последните годин се добива впечаток дека градоначалниците свесно оставаат голем број активности недовршени за да ги промовираат во текот на последната година од мандатот.
Владимир Божиновски оценува дека кампањата никогаш и не завршила. Според него власта секогаш се присетува на најкрупните проекти на крајот од мандатот кога повеќе нема време за реализација. Од овие локални избори според Божиновски ќе зависи дали ќе се случат предвремени парламентарни избори.
За трансформацијата на ДУИ во зелена партија експеритте сметаат дека е потег за поздравување.
Во трката за главниот град битката според експерите ќе се води помеѓу СДСМ И ВМРО ДПМНЕ.
Власта во изминатиот период отвора патишта, промовира проекти, учествува во низа активности на локално ниво. Во меѓувреме пак од опозициската ВМРО ДПМНЕ се фокусирани на средби со граѓани како дел од кампањата „од Човек на човек“ и велат дека на тој начин црпат идеи и проекти за претстојните избори. Имиња на кандидати се уште не откриваат. Познато е дека актуелниот градоначалник на Кавадарци Митко Јанчев ќе бара втор мандат од граѓаните. Во трката за уште 4 години ќе влезе и скопскиот градоначалник петре Шилегов.
-

Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар
