Македонија
21. December 2016 - 16:29

Анализа: Секој десетти ученик пие седативи, младите пијат по 5 алкохолни пијалоци во една вечер

Секој четврти тинејџер во Македонија пие повеќе од 5 алкохолни пијалоци на забава или вечерно излегување, покажува истражувањето на Институтот за јавно здравје.

Дури 57 проценти од младите пробале алкохол. Некои и на 9 годишна возраст пиеле пиво.

Загрижувачки се и податоците за употребата на седативи меѓу младите во земјава. Секој дессети ученик во 1 и 2 година средно на своја рака пие лекови за смирување. 

Тоа е двојно повеќе од европскиот просек.

Од друга страна,  истражувањето на ИЈЗ спроведено во 82 средни училишта низ цела Македонија покажува дека се намалува употребата на цигари мегу младите.

Ако во 2012 година пушеле 41 процент, сега зависни од никотин се 38 отсто од учениците на 15 и 16 годишна возраст.