Анчелоти ќе заработува 770.000 евра месечно на клупата на Бразил
Италијанскиот стратег Карло Анчелоти ќе стане најплатен тренер во светот откако во јуни ќе го напушти Реал Мадрид и ќе седне на клупата на фудбалската репрезентација на Бразил, објавија шпанските медиуми.
Според весникот „АС“, Анчелоти ќе заработува 770.000 евра месечно, односно 9,2 милиони евра годишно. Ова ќе го направи најплатен тренер во светот. Досега тоа беше Томас Тухел, кој заработува шест милиони евра годишно како селектор на Англија.
Платата на Анчелоти е двојно поголема од неговите двајца претходници на клупата на Бразил, Тите и Доривал Жуниор.
Официјалната промоција на Анчелоти е закажана за 26 мај во Рио Де Женеиро, а следниот месец Италијанецот ќе го предводи Бразил на натпреварите од мундијалските квалификации против Еквадор и Парагвај.
Ново на Сител
-
Возач удрил 13-годишно девојче и избегал од местото на настанот
-
37-годишна жена два пати физички нападната во Скопје од својот сопруг во текот на еден ден
-
Тепачка помеѓу 6 лица во Ѓорче Петров, употребувани тврди предмети и оштетени две возила
-
Кривична за двајца полициски службеници, дозволиле да застарат 14 дела за тешки кражби
-
Мицкоски: Имаме организиран пристап и ќе продолжиме да помагаме на семејствата на настраданите во кочанската дискотека
-
Го оштетиле буџетот за 2,2 милијарди денари, поднесени обвиненија за „Онкологија“
-
Мицкоски за дивоградбата во Чаир: Градоначалничката на Град Скопје има ингеренции и треба да постапува
-
Лишен од слобода крадец во Куманово, одземеното е пронајдено