Андоновски: До 2035 година Македонија целосно дигитализирана
Се движиме кон дигитално општество, но не смееме да бидеме следбеници на трендовите, туку треба да ги креираме заедно со развиените држави. Ова прашање не познава граници, секоја земја, дури и најмалата, ако има добар ИТ потенцијал кај кадарот и добри навики кај граѓаните, како и ако гради дигитална инфраструктура, може да прави квантни чекори напред, изјави денеска министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски пред почетокот на конференцијата што ја организира Блумберг Адриа.
Андоновски ја гледа Македонија целосно дигитализирани во 2030 -2035 година. Тоа, напомена, е стратегијата на Владата.
-Нашата стратегија е се што е процес во позадина во јавната администрација да биде дигитализиран за да понуди добри услови за водење бизнис, за раст на економијата и за благосостојбата на граѓаните, потенцира Андоновски.
Според него, последните податоци покажуваат дека растот на ИКТ индустријата од над 4,4 отсто е еден од клучните во зголемувањето на БДП.
-На тој начин треба да размислуваме. Ова е нашиот потенцијал, нашата компаративна предност во однос на другите држави. Немаме големи минерали ресурси, не сме голема територија, немаме многу население, но компаративно сме подобри во ИТ индустријата и тоа треба максимално да го искористиме, нагласи министерот.
Фокус на конференцијата е трендот на потрошувачите, а присуствуваат претставници од бизнисот, стопанските комори, јавните институции, науката и аналитичари.
Ново на Сител
-
Приведен криминалец од Штип за доиздржување затворска казна од 11 години и осум месеци
-
Тркалезна маса „Безбедно балканско туристичко лето 2025“
-
Во Турција 14.372 лица биле повредени при жртвување животни во првиот ден од Курбан Бајрам
-
Норвешки доктор осуден за силување десетици пациентки
-
Милевски: Македонија покажа дека има квалитет да се носи со најдобрите репрезентации
-
Илон Маск по анкета повикува на основање нова политичка партија во САД
-
Денеска е Задушница, утре Педесетница (Духовден)
-
Сончево и многу топло, попладне изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи