Андоновски: Македонската ИКТ индустрија продолжува да руши рекорди во економијата

Извозот на информациски, компјутерски и телекомуникациски услуги во 2025 година достигнал 676 милиони евра, што претставува раст од 7 проценти во однос на 2024 година.
- Убави вести денеска - македонската ИКТ индустрија продолжува да руши рекорди во економијата. Според податоците на Народната банка, извозот на информациски, компјутерски и телекомуникациски услуги во 2025 година достигна 676 милиони евра, што претставува раст од 7 проценти во однос на 2024 година. Особено значајно е што ИКТ секторот остварува постојан раст и позитивен трговски биланс, напиша министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски на Фејсбук.
Во 2025 година, увозот на ИКТ услуги изнесувал 197 милиони евра, што, според него, значи дека нето ефектот за економијата е суфицит од 438 милиони евра.
- Најголемиот дел од извозот доаѓа од компјутерските услуги, кои достигнаа речиси 600 милиони евра. Овие резултати уште еднаш покажуваат дека ИКТ секторот станува еден од клучните двигатели на економскиот раст, извозот и технолошката трансформација на нашата економија, пишува министерот Андоновски.
МИА
Ново на Сител
-

Целосно завршена евакуацијата на сите пријавени македонски гpаѓани од погодените земји на Блискиот Исток
-

Македонските кикбокс судии со меѓународни признанија и лиценци
-

ФИФА не размислува да го премести Иран од САД во Мексико
-

Спортинг прв четвртфиналист во Лигата на шампионите
-

Сенегал ќе се жали на одлуката за доделување на Африканскиот куп на нации на Мароко
-

Работнички и Тиквеш ќе играат натпревар во чест на Андреј Лазаров
-

Кварацхелија: Да се постигнат три гола против Челзи е фантастично
-

Арагчи: Убиството на Лариџани нема да го дестабилизира Иран
