Андоновски: Системот за електронско управување со документи не бил тестиран за безбедносни слабости, направени се тестирања и надминати се сите недостатоци

Во системот за електронско управување со документи и електронска архива имаме за десет пати зголемување на институции за разлика од времето од пред четири години, истакна министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски од собраниската говорница.
Андоновски рече дека кога стапил на функцијата на системот имало приклучено околу 20 државни институции, но во изминатата година ипол приклучени се нови 23 институции, а во тек на инсталација се уште 12 институции. Во процес на потпишување на меморандуми се уште 20 институции.
- Со моето доаѓање во Министерството, овој систем немаше одржување повеќе од две години и закачени беа околу 20 државни институции, што значи дека месечно во изминатите четири години колку што постоел системот и никој не чул за него се закажуваче 0,4 институции. Во измината година ипол од кога системот има одржување имаме нови 23 институции што значи вкупно 43 институции. Сите постоечки институции се преработени за потешкотиите што ги имале да се надминат. Во тек на инсталација се уште 12 институции, а во фаза на потпишување меморандум сме со уште 20 институции. Со досега приклучените имаме темпо од четири институции месечно повеќе што е зголемување за 10 пати, рече Андоновски, одговарајќи на пратеничко прашање.
Во однос на тоа колку е безбеден системот, Андоновски рече дека се надминати сите слабости и дека системот денеска е безбеден.
- При првиот увид во работата на системот забележав дека тој никогаш не бил тестиран за безбедносни слабости. Ние не знаевме со какви безбедносни слабости се соочува системот и дали некој однадвор има пристап. Во првите два месеца направивме темелни безбедносни тестирања кои покажаа многу недостатоци коишто се надминати и денес можам да кажам дека не може да биде пробиен, нагласи Андоновски.
Во реформската агенда, во делот на целосното архивско работење на државата, министерот посочи дека се предвидени три чекори кои, доколку се исполнат, ќе ѝ донесат на државата повеќе од 8осуммилиони евра, а половина од задачата е веќе завршена.
- Владата имаше обврска да донесе предлог за измена и дополнување на Законот за архивско работење во 2025 година. Во јуни ние доставивме измени кои вие во Собранието ги изгласавте и со тоа ја обезбедивме првата транша достапни средства за Македонија, во износ од 4,2 милиони евра, во делот на Реформската агенда што се однесува на архивското работење, заврши Андоновски.
Министерот изрази жалење што одредени пратеници од опозицијата не дале поддршка на законите за дигитализација што се однесуваат на Реформската агенда, иако дале ветување дека ќе ги поддржат.
МИА
Ново на Сител
-

Македонската фудбалска репрезентација гостува во Данска по полуфиналето на плејофот за Мундијалот 2026
-

Најстудено на Попова Шапка, -3 степени и 53 сантиметри снег
-

Уапсен 21-годишен скопјанец, при претрес пронајдени се 19 паковки со кокаин
-

Трамп: Иран сака договор, но се плаши од сопствениот народ тоа да го признае
-

Вчеравечер почувствуван земјотрес од 5 степени по Рихтер во југоисточните делови на Македонија
-

Арагчи: Иран го разгледува американскиот план, но не преговара со Вашингтон
-

Најмалку 24 лица загинаа откако автобус се урна во река додека се обидуваше да се качи на ферибот во Бангладеш
-

Без струја делови од Карпош и Кисела Вода
