Андреј Миневски својот олдтајмер го претвори во санка на Дедо Мраз и делеше пакетчиња на деца
Андреј Миневски, уметник од Скопје, својот ојдајмер на иновативен начин го претворил во возило на Дедо Мраз, со кое делел пакетчиња на дечињата. Иако првичната идеја била да подели 50 пакети кои тој самиот ќе ги обезбеди, сепак идејата се проширила и стигнала до повеќе од 400 пакетчиња, кои заедно со своите помошници ги пакувале.
Првичната замисла била да се поделат пакетчињата на дечињата на улица, но самото тоа што бројката стигнала до повеќе од 400, истото опфатило и прошетки во училишта, како и центри за деца со попреченост. Заедно со моторџиите од "Гардијан Енџелс" организирале и тура на Дедо Мраз.
Почнал сам со помош на најблиските, а потоа тимот се зголемувал па со тоа успеале да привлечат и донатори.
Пакетчето можеби материјално не е многу вреден подарок, но во себе носи голема симболика, а истото донесе многу детски радости и насмевки.
Андреј и неговите помошници планираат следната година да ја проширaт акцијата и да обезбедат уште повеќе подароци, а можеби ќе обезбедат и втора санка.
Со своето препознатливо возило, на едноставен начин Андреј Миневски донесе празнична радост кај многу дечиња.
Ново на Сител
-

Забрана за автобуси на патот Тетово-Попова Шапка
-

Француските земјоделци го блокираа Париз со трактори во протест против договорот на ЕК со Меркосур
-

Флечер: Ќе бидам тренер на Манчестер јунајтед против Брајтон, а потоа ќе видиме
-

Гвардиола: Задоволен сум од тоа како Сити играше против Брајтон
-

Сабаленка се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Бризбејн
-

Трамп со декрет ги повлекува САД од 66 меѓународни организации
-

На Попова Шапка 31 сантиметар снег, најмногу дожд во Крушево, Охрид и Претор
-

Фулам поднесе жалба за голот од „офсајд“ на Ливерпул
