Македонија
7. јуни 2017 - 16:43
Аневски: Советот ќе одговори за барањето за смена на Зврлевски, но откако ќе ги разгледа причините
Советот на јавни обвинители во најкус можен рок ќе одговори на предлогот од Владата за разрешување на јавниот обвинител, но откако ке го добие и ке ги разгледа наведените причини. Првиот човек на советот Аневски, вели дека произнесување по однос на предлогот ке побараат и од Зврлевски. Неговото лично мислење е дека државниот јавен обвинител бил перфектен во работата, но ке мора да го слушне ставот и на останатите членови на советот.
- Државниот обвинител беше перфектен досега по мое мислење. Јас немам забелешка, вели Петар Аневски, претседател на Советот на јавни обвинители.
Советот на јавни обвинители има рок од 15 дена да се произнесе по предлогот доставен од Владата, но и можност за продолжување на дополнителни 15.
Веднаш по преземањето на функцијата премиерот Заев го повика Зврлевски да си поднесе оставка на функцијата оценувајки го како еден од симболите на узурпираната правна држава.
По повторениот апел вчера на владината седница беше иницирана иницирана постапка за разрешување која беше оправдана со незаконско и ненавремено извршување на функцијата.
Премиерот Заев оцени дека новиот обвинител треба да дојде од редовите на екпертската јавност кој нема да го има политичкиот товар зад себе. Тој јавно остави отворена можноста, предлог да достави и опозицијата, но и универзитетската фела, судскиот систем и невладиниот сектор, кој ке треба да го помине филтерот и на јавноста и на народните избраници во собранието, за да биде како што вели тој или вистинското решение или приближно на профилот на јавен обвинител каков што и е потребен на Македонија.
-

Иван Кузмановски
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
