Македонија
26. August 2022 - 16:43

Ангелоски: Закана од енергетско цунами на македонската економија, државата да помогне

Енергетско цунами и се заканува на македонската економија. Ако државата не помогне, економијата ќе згасне. Не постои производ или услуга кој може да ја издржи цената од 600 -700 евра за мегават  потрошена струја.  Затоа бизнис заедницата бара државната ЕСМ да го зголеми производството,  а  вишокот  струја што им ја продава на трговците,  да биде со лимитирана маржа од државата.

Ако се прогалсува кризна состојба, тоа не треба да значи само државата да му префрла пари на ЕЛЕМ, однсно ЕСМ. Тоа знали дека државата треба пошироко да ги гледа работите.  – во однсо на заштита на македонската економија. Доколку ја оставите смаа македонската економија, таа ќе затвори, изјави Трајан Ангелоски, претстедател на ССЛ

По тек на останатите земји, од Комората  предлагаат субвенционирање на дел од сметките за струја. Односно компаниите да плаќаат до одредено ниво , а над тоа државата да ги покрива.

Во Србија фирмите плаќаат 75 евра за мегават, во Босна 66 евра. Како е можно кај нас да плаќаме по 700 евра, а ЕЛЕМ на ЕВМ да им ја продава по 50 евра за мегават, кои пак после преку трговците ги продаваат за онормно високи цени., изјави Орце Симов, ССК

Бизнисот бара и намалување на процедурите за поставување фотоволатоици. Во моментов потребни се над 80 документи, или само  Регулаторна Комисјата  им бара 24 , плус по 500 евра за секое поднесено барање. Предлогот на стопанствениците е ЕВН да им дава согасност во рок од 7 до 10 дена, а останатата документацијата  да ја  обезбедат за 120 дена.