Ангелов: Активни се два пожара на отворен простор, состојбата со водата во Гостивар се подобрува

Во текот на денешниот ден се евидентирани нешто повеќе од пет пожари на отворен простор, но ниту еден од нив не претставува посериозна закана и се очекува наскоро да биде ставен под контрола, истакна директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов преку видео изјава од терен.
Како што информираше, во текот на вчерашниот ден биле изгаснати повеќе од 25 пожари на отворен простор, а најкомплексен бил пожарот на територијата на Општина Македонски Брод, во близина на Самоков.
- Пожарот навлезе на тешко пристапен терен каде што интервенираа голем број пожарникари од Македонски Брод и три пинцгауери на Дирекцијата за заштита и спасување. Конечен удар на пожарот му зададе дождот што заврна на ова подрачје во текот на вчерашното попладне- појасни Ангелов.
Тој посочи дека вчера бил регистриран и поголем пожар во Општина Новаци, при што изгорела поголема површина рамничарски предел. Благодарение на интервенцијата на пожарникарите, локалната самоуправа и земјоделците кои помогнале со механизација, пожарот бил запрен и изгаснат.
Според информацијата на Центарот за управување со кризи (ЦУК), до 13 часот денеска на територијата на државата биле регистрирани вкупно шест пожари на отворен простор, од кои два се активни, а четири се изгаснати.
Активни се пожарите кај селото Брњарци во Општина Арачиново и во населбата Волково во Општина Ѓорче Петров, каде гори ниска вегетација. Изгаснати се пожарите во селото Бањица во Општина Чашка, селото Биџево во Општина Струга, селото Сенакос во Општина Врапчиште и на депонијата во Делчево, информира ЦУК.
Ангелов упати благодарност до македонските пожарникари за брзата реакција и до граѓаните за внимателноста, но нагласи дека постојат докази и за неколку намерно предизвикани пожари.
- Апелирам до граѓаните и понатаму да бидат совесни и внимателни за ненамерно да не предизвикаат пожар. Секое сомнително однесување да се пријави на бројот 112 или во најблиската полициска станица - порача Ангелов.
Во однос на состојбата со водоснабдувањето во Гостивар, директорот на ДЗС информира дека последните анализи покажуваат подобрување на квалитетот на водата во споредба со претходните мерења, но дека е потребно дополнително време таа да биде прогласена за безбедна за пиење.
МИА
Ново на Сител
-

ЦУК: До 18 часот 11 пожари на отворен простор, од кои три се активни - изгаснат пожарот кај село Чифлик
-

Почина таткото на Меси
-

Товарен и патнички воз се судрија во Хрватска, 19 повредени
-

Мицкоски: Карпалак е наша заедничка рана, но и наша обврска да паметиме
-

Охриѓанец на викенд отсуство од затвор ја нападнал својата мајка
-

Гостиварец со „јагуар“ прегазил осумгодишно девојче
-

Малолетник тешко повреден во сообраќајка помеѓу два мопеди
-

Кривична за полицаец кој малтретирал приведено лице во градски парк
