Ангелов: Ова е еден од најтешките денови, активни се над 15 пожари на отворен простор

Повеќе од 15 пожари на отворен простор се активни во земјава, а два од нив во текот на денот директно ги загрозиле населените места, информира попладнево директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.
Како еден од најсериозните пожари го посочи огнот што избувна во близина на селата Баница и Водоча, во непосредна близина на Струмица. Пожарот се приближил на само неколку метри од првите куќи, но брзата интервенција на струмичките пожарникари, со поддршка од екипите од Валандово и Радовиш, спречила поголема опасност.
Во гаснењето учествувале механизација ангажирана од градоначалникот на Струмица, Петар Јанков, како и механизација од Дирекцијата за заштита и спасување. Со неа биле направени противпожарни пресеци за да се спречи ширењето на огнот.
Пожарот кај Струмица и натаму е активен во полето, а Ангелов изрази надеж дека нема да се прошири кон околните населени места.
Како втор сериозен пожар, директорот на ДЗС го посочи пожарот на територијата на Општина Прилеп, во близина на градските гробишта, кој во одреден момент ја загрозил и викенд-населбата.
Овој пожар сега е ставен под целосна контрола. Во неговото гаснење учествувале прилепските пожарникари, со поддршка од екипи од Битола и Кавадарци, како и две возила „Пинцгауер“ на Дирекцијата за заштита и спасување.
Ангелов оцени дека денешниот ден е еден од најтешките во тековната сезона по бројот и сериозноста на активните пожари.
МИА
Ново на Сител
-

Скопјанец осомничен за две кражби на пригушници од железничка пруга
-

Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита
-

Герасимовски: Отворен јавен повик за лични асистенти на ученици со посебни образовни потреби
-

МВР: Лицето кое го влечат на снимката од Битола не е 39-годишникот пронајден мртов пред болницата
-

За една година поднесени 1.883 барања за ин–витро на товар на државата
-

Николоски: Градежништвото е силен двигател на македонската економија
-

Белата куќа на својот сајт објави видео-игри со политиките на Трамп: Во едната ловите мигранти, во друга градите ѕид
-

Шкрипите со забите додека спиете? Околу 10 отсто од луѓето имаат бруксизам, а повеќето не се ни свесни
