Ангелов: Се уште активен еден крак на пожарот во ловиштето Јасен
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов во утринската изјава информира дека се уште е активен еден крак на пожарот во ловиштето Јасен.
- За жал пожарот во ловиштето Јасен се уште не е изгаснат. Еден крак е се уште активен. Дождот што заврна во многу мала количина не го изгасна огнот. Овде дејкствуваме со два „ер трактори“ на Дирекцијата за заштита и спасување бидејќи можам да забележам една жешка точка и горе високо над сртот, и од спротивната страна две жешки точки со чадење, изјави Ангелов.
Ангелов појасни дека се работи за екстремно стрмен терен и еден со зимзелена шума кадешто е исклучително ризично да се спуштат луѓе.
- Нашиот фокус ќе биде со два „ер трактори“ коишто со полицискиот хеликоптер да дејствуваме на оваа точка. Ќе дадеме се од себе во текот на денешниот ден да го ставиме под целосна контрола и овој преостанат крак од пожарот, но веќе гледам дека горењето се засилува што само по себе подразбира дека во попладневните часови ќе имаме посилен оган, додаде Ангелов.
Поради пожар во националниот Парк Јасен, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод - Скопје се уште останува затворен за секаков вид на возила.
МИА
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Собранието расправа за измените во Изборниот законик за учество на независните на изборите
-
Голема историска средба Трамп-Путин на Алјаска, Зеленски очекува покана за следната средба
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-
Голем пожар во Јажинце
-
Стојановска: Прагот од 0.95% потребни потписи е потценување на независните
-
Самит САД-Русија посветен на иднината на Украина на Алјаска
-
Два критични пожари во околината на Скопје