Ангелов: Спречена катастрофа во виничко, запалена трева при сечење со брусилица | ВИДЕО

Спречена катастрофа во виничко, запалена била трева при сечење со брусилица, алармираше вечерва директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, апелирајќи за внимателност.
- Во текот на вчерашниот ден, лице со брусилица сечело делови од возилото зад мене. Од искрите се запалила околната трева. Пожарот бргу се проширил во околината, но благодарение на брзата реакција на виничките пожарникари, бил совладан во прва фаза. Голема благодарност до пожарникарите и апел до сите мајстори коишто работат со алат кој искри. Мајстори, бидете внимателни, доволна е искра за вистинска катастрофа. Овде катастрофата не настанала бидејќи ја спречиле пожарникарите, но што доколку огнот се проширил уште понатаму од оваа сува трева? Насекаде наоколу имаме куќи, имаме викендици, лозја и овоштарници. Доволна е искра за вистинска катастрофа - сподели тој на Фејсбук.
МИА
Ново на Сител
-

Променливо облачно време, од петок локален дожд и засилен северозападен ветер
-

Од училници до дипломатија – Како Кина ги гради врските со Македонијa
-

Убиство во Скопје: Ќерка ја пронашла мајка си мртва во семејната куќа
-

Kривична за намерно предизвикување стечај
-

Усвоени измените на Законот за јавни набавки
-

Со македонски пасош олеснето може да се патyва во 114 држави во светот
-

Играј online: Лото 7 и Џокер на Државна лотарија
-

Инстант лоз „Златна треска“ на Државна лотарија
