Ангелов: Три пожари активни во моментов, деновиве од 20 до 30 пожари на отворен простор
Генерално, во текот на денот, деновиве, имаме по најмалку 20, па некаде до кај 30 пожари на отворен простор, некои од нив вообичаено се шумски, односно пожари што влегуваат во сериозна шума. Во овој момент, на територијата на државата досега имавме пет пожари на отворен простор, од нив два се целосно изгаснати, три се активни, информираше на попладневната прес-конференција, директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.
За пожарот што со денови се протега на територијата на ловиштето „Јасен“, тој рече дека на еден дел состојбата е многу лоша, горењето со засилените температури се засилувало. За овој пожар, надлежните сметаат дека најверојатно е предизвикан од гром, затоа што како што појасни Ангелов, „оној кој би имал мотив да пали, би запалил поблиску до патот“.
Вториот тежок за гаснење пожар, што исто така неколку дена гори, на моменти бил ставен под целосна контрола, потоа повторно горел. Пожарот сега веќе дошол до атарот на село Јажинце, општина Јегуновце.
-Но, јас повеќе верувам во негово намерно палење бидејќи едноставно не може сам од себе по неколку дена - повторно да се реактивира, додаде Ангелов.
Третиот активен пожар во моментов, што Ангелов го опиша како „пожар во развиток“, е во општина Долнени, на подрачјето на селата Лажани и Средорек.
-Исто така, се работи за многу тежок терен за гаснење. Се надевам дека денеска ќе биде ставен под контрола. Но, овој пожар, исто така, може да стане голем предизвик, нагласи Ангелов.
Тој истакна дека сите екипи на терен се борат храбро и пожртвувано, даваат сè од себе.
-Морам да укажам дека секојдневно имаме силна поддршка од премиерот и Владата, затоа што сè она што ни треба како ресурси, а што државата го има на располагање, го добиваме за рекордно време, додаде Ангелов.
Одговарајќи на новинарско прашање, тој посочи дека секојдневно наидуваат на докази за подметнати пожари.
-Министерството за внатрешни работи работи на расветлување на овие случаи. Но, морам да укажам дека едни од најтешките кривични дела за докажување се токму предизвикувањето пожари, затоа што со пожарот, горат и трагите. Но, има одредени видео - снимки, ќе слушнете мислам дека и во текот на денешниот ден, вчера е фатено лице како подметнува пожар. Но, алармантно е ова што се случува zатоа што, бројот на пожари, ако сега во овој момент беа пет, јас сум сигурен до вечер дека ќе бидат над дваесет. Нешто што е - апсурд. Без човечки фактор, тие не можат да бидат предизвикани, смета директорот на ДЗС.
Тој потсети дека не сме единствената држава што во моментов се соочува со пожари.
-Доколку граѓаните не ни помогнат, не бидат повнимателни и уште повеќе не ги пријават сите сомнителни поведенија, оваа битка ќе продолжи и во текот на август, а можеби и во септември. Следната недела сме во очекување да падне одредена количина дожд што малку би нè олабавило, рече директорот на ДЗС.
МИА
Ново на Сител
-
Ангелов: Три пожари активни во моментов, деновиве од 20 до 30 пожари на отворен простор
-
УХМР: Од понеделник на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи
-
Кривична за поранешна директорка на средно училиште во Демир Хисар
-
Црногорската полиција трага по македонски државјанин осомничен за обидот за убиство на Марко Љубиша Кан во Будва
-
64-годишна жена нападнала малолетничка во Гази Баба
-
Тимови на Државниот пазарен инспекторат го контролираат спроведувањето на одлуката за цените на училишниот прибор
-
Приведено лице од Турција, при влез во државава во неговиот автомобил пронајдени два ножа, боксирач и палка
-
Во јуни издадени 213 одобренија за градење