Англија ја заострува забраната за мобилни телефони во училиштата – нема да смеат да стојат ниту во ранците
Учениците во Англија од септември 2027 година нема да смеат да имаат пристап до своите мобилни телефони во текот на целиот училиштен ден, дури и ако уредите се исклучени и се наоѓаат во нивните ранци или џебови. Ова го најави британската министерка за образование Луси Пауел, како дел од новите, построги правила со кои училиштата треба да станат средини без мобилни телефони.
Според досегашните правила, кои почнаа да се применуваат во септември годинава, учениците не смеат да ги користат телефоните за време на наставата и одморите, но можат да ги чуваат во своите ранци. Британските власти сега сметаат дека ваквиот пристап не е доволен и најавуваат дополнително заострување на мерките.
Новите насоки предвидуваат телефоните да бидат целосно недостапни за учениците во текот на училишниот ден. Училиштата ќе можат да користат посебни шкафчиња, заклучени футроли или други начини за чување на уредите.
Одлуката доаѓа по податоците според кои само 16 отсто од учениците изјавиле дека постојните правила за мобилните телефони секогаш се почитуваат.
Министерката Пауел истакна дека целта е да се создадат училишта во кои децата ќе можат да учат, да се дружат и да играат без постојано одвлекување на вниманието од екраните и притисокот на социјалните мрежи.
Британските власти нагласуваат дека училиштата треба да бидат средини во кои учениците ќе бидат ослободени од дигиталните пречки, а родителите исто така треба да имаат улога во спроведувањето на новите правила.
Сепак, ќе бидат предвидени исклучоци за учениците на кои мобилните телефони им се неопходни поради здравствени состојби, посебни образовни потреби или други оправдани причини.
Ново на Сител
-

Криминална организација во Солун шверцувала над 17 милиони цигари и незаконски се стекнала со 1,36 милиони евра
-

По аферата со кинеска шпионка, оставка на извршниот директор на „Енвидија“
-

Фон дер Лајен на ЕПЗ во Даблин: ЕУ ќе ја поддржи Украина и во војна и во мир
-

Инвестирани над 40 милиони денари за Стоматолошкиот клинички центар „Св. Пантелејмон“
-

Зеленски: Повторно го забавија „Ѕвездениот штит“, со што им се помага на Русите да нè убиваат
-

46-годишник од Кратово физички ја напаѓал и малтретирал бремената партнерка
-

Скопје во знакот на боксот: Јубилеен 55. „Златен гонг“ во салата „Расадник“
-

Утре силен јужен ветер и температури над просекот
