Македонија
24. October 2023 - 16:39

Анкета: 80% од граѓаните ја сметаат Бугарија за најголем непријател, за над 52% членството во ЕУ е добра работа

Влезот во ЕУ е се уште високо на агендата на жителите на Македонија. Според анектата на Евротинк спроведена минатиот месец, повеќе од половина од испитаниците се изјасниле дека членството е добра работа. Иако минамално и во рамки на статистичка грешка, процентот во споредба со лани е повисок и сега, 52, 6 отсто од анкетираните изјавиле дека е добро земјата да стане дел од европското семејство.

Иако унијата ужива висока доверба меѓу граѓаните, според анкетата над 30 отсто од испитаниците изјавиле Македонија никогаш нема да влезе во ЕУ. За речиси 18 проценти, реален период во кој очекуват сопствената држава да ја видат во Европа е во следните 10 до 14 години.

Најголем дел од граѓаните сметаат дека членството во Европската унија ќе им донесе поголема еконосмка моќ.. Близу 48 отсто рекле дека тоа ќе им донесе подобар животен стандард, ќе ја намали невработеноста, а 30 отсто очекуваат дека членството ќе ги подобри и состојбите во правосудството. Како главна причина зошто државата не треба да се стреми кон ЕУ, 56 проценти од анкетираните изјавиле дека на тој начин ќе се изгуби националниот идентитет како што се името и јазикот. Евротинк прашувал и која држава или организација е непријател на Македонија. Скоро 80 отсо од испитаниците рекле дека тоа е Бугарија, а најголем пријател гледаат во Србија. Оние кои источниот сосед го посочиле за најнепријателска држава, биле прашани и која полиитчка партија ја поддржуваат, па идентично по околу 80 отсто од поддржувачите на на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се изјасниле дека Бугарија е најголема закана.

Прашани во каква насока се движат работите, 54,4 отсто од анкетираните одговориле во целосно погрешна, а во споредба со лани зголемен е процентот на граѓани кои сметаат дека државата се движи по добар пат.

Анкетата ЕВРОМЕТАР е изработена телефонски од 4 до 21 септември, а одговори биле барани од 1003 испитаници.