Анкета: Трамп го истисна Десантис во трката за избор на републикански претседателски кандидат
Доналд Трамп го презеде водството во трката за номинација претседателски кандидат од републиканците, што засега се води меѓу него и гувернерот на Флорида, Рон Десантис, се дознава од анкетата објавена вчера од весникот „Волстрит журнал“.
Поранешниот претседател на САД ја гради подршката низ повеќе делови на главниот електорат на републиканците на национално ниво, додека гувернерот на Флорида нема таква подршка.
Нивните кампањи започнаа да емитуваат и ТВ реклами со критики и меѓусебно оцрнување.
Од анкетата се дознава дека меѓу нејверојатните републикански гласачи, а во хипотетичка трка, Трамп избива на прво место со 51 отсто наспроти 38 отсто за Десантис. Во декември тој водеше со 14 проценти повеќе.
Трката за номинација претседателски кандидат од републиканците започна да се развива. Првото прелиминарно гласање е за осум месеци. Дотогаш игралиштето треба да е составено од вкупно 12 кандидати. Иако рано, Трамп засега води меѓу оние кои највија учество како Десантис или Ники Хејли, поранешната амбасадорка на САД во ОН, која во оваа анкета доби само 5 отсто подршка, или сенаторот од Јужна Каролина Тим Скот (3 отсто).
Претседателските избори во САД се закажани за во ноември 2024 година. Деновиве, и актуелниот претседател Џо Бајден се очекува да ја објави својата номинација за претседателски кандидат од демократите.
Трамп се врати на сцената по подигнатото обвинението против него од страна на њујоршкиот областен обвинител Елвин Браг. Според многумина коментатори, обвинението и последователното полициско задржување во Њујорк само ја зголеми неговата популарност, па тој повторно станува дел од републиканскиот естабилишмент по поразот од Бајден на изборите во 2020 година.
Ново на Сител
-
Израел тврди дека нема масовна глад во Газа
-
Еден војник загина, а еден е потешко повреден при гаснење пожар во Црна Гора
-
Ангелов: Активен тежок пожар во ловиштето „Јасен“, дејствуваат два полициски и еден армиски хеликоптер
-
Во Албанија активни 30 пожари, пет се најкритични
-
Лото - игра на среќа со семејна традиција, ритуал во кој среќните броеви ни поттикнуваат надеж
-
Уапсен 19-годишник во Куманово, со него затекнато 14-годишно девојче пријавено за исчезнато
-
Приведени двајца росоманци, пријавени за закани кон градоначалник на Кавадарци и неговото семејство
-
44-годишник си ја истепал сопругата и нејзиниот малолетен син