Македонија
28. March 2026 - 16:40

Анкета: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедливо водство, СДСМ со саркастичен одговор

Премиерот Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ и натаму со најголема доверба кај граѓанните, покажува последната анкета на Маркет Вижн за МКД.мк

Сепак, на прашањето во кој лидер на политика партија имате најголема доверба, над 40% од граѓаните велат ниту еден. Мицкоски има доверба од 25,2%, зад него е Ахмети со доверба од 5,6%, по што следуваат Димитар Апасиев, Изет Меџити и Венко Филипче кој е петти на листата со доверба од 3,6%.

24 отсто од граѓаните на следните избори би гласале за ВМРО-ДПМНЕ, 5 проценти за ВРЕДИ, со 4,9% за СДСМ, 4,8 за ДУИ и 3% од граѓаните би гласале за Левица. И на ова прашање најголем е процентот на граѓани кои одгвориле дека нема да излезат на избори.

Над 50% од граѓаните поддржуваат влез во ЕУ со статус на земја набљудувач, односно без право на вето, додека речиси 47% од граѓаните сметаат дека државата се движи во погрешна насока.

Овие бројки според премиерот Мицкоски значат поголема одговорност и се мотивација за повеќе работа.

  Ние сме сериозна државотворна партија, така и се однесуваме во Владата. Јас како човек, ќе сторам се што е во моја моќ да испорачаме што е можно повеќе за граѓаните. Чуда никогаш не сме ветувале. Ако ги игнорираме оние лажни изјави, за наводни наши ветувања кои што никогаш не сме ги кажале од страна на опозицијата. Ние водевме кампања и во 2024, и во 2021, и во 2025 дека чуда не ветуваме, чуда се невозможни, оној кој што ветува чуда не ја говори вистината, ги манипулира граѓаните. Ветуваме многу работа,“, изјави Мицкоски. 

Дојдовме до реалната анкета на ВМРО-ОКГ, пак стои во саркастичната реакција на СДСМ. 

Пазарниот барометар, односно покачувањето на цените е директно врзано со покачување на рејтингот на Мицкоски. Кога ПИПЕРКАТА во маркетите се покачила на 300 денари – на Христијан Мицкоски му се покачил рејтингот на 25,2%. Кога ЈАЈЦА се покачиле на 300 денари –ВМРО-ОКГ веднаш им пораснал рејтингот за 24%. Кога ДИЗЕЛОТ трет пат порасна на 95,5 денари – ЗНАМ пораснал за 100%.За цените на горивата 95,5% од граѓаните велат дека треба уште да растат затоа што се најниски во регионот. 99,9% од граѓаните се изјасниле дека нема потреба да се покачи минималната плата на 600 евра, дека е тоа премногу, стои во реакција СДСМ

Партискиот лидер пак тврди дека во тек се преговори за зголемување на пратеничката група на СДСМ.

Анкетата на маркет вижн е спроведена од 2 до 18 март на репрезентативен примерок од 1200 испитаници