Анкетна комисија за ,,Пулс"
Неселективна правда, со кривична одговорност и морална одговорност од високи владини владини фунцкионери, побараа родителите на настраданите во кочанскиот пожар. Нивниот глас за прв пат се чу од собраниската говорница, 9 месеци по настанот, на Постојаната анкетна комисија за човекови права. Побараа и поголема институционална, психолошка и парична поддршка од државата.
Своите ставови ги изнесоа не само пред пратениците, туки и пред целиот државен врв: претседателката Силјановска, премиерот Мицкоски и собранискиот спикер Гаши кои се одѕваа на поканата на Апасиев како претседател на ова тело.
Од невладината Супорт Кочани со забелешка дека пратениците 9 месеци одбегнуваат дебата за пожрот, а сега и тактзираат со паузи.
Од владејчкото мнозинство тврдат дека ова Анкетна нема да донесе правда на родителите и одговорност за виновниците. Сметаат дека Апасеив манипулира со родителите. Опозицијата пак, бара законски измени за промена на целиот политички систем.
Премиерот Мицкоски не се обрати на Комсијата, рече дека денеска дошол само да слуша. И тој смета дека Анкетната е манипулација на опозицијата бидејќи обвинителството не дозволува изнесување на факти и докази што се уште се во истрага или без судска пресуда.
За разлика од случајот во Кочани, Мицкоски смета дека нема да има проблем пратениците да работата ефикасно за останатите несреќи како пожарот во модуларната болница во тетово и автобуските несреќи во Ласкарци и Бугарија, каде веќе има пресуди.
Обвинителот Коцевски не дојде на расправата, но порача дека анкетните комисии во парламентот не се целисходни во овој момент кога постапката се уште трае.
Тој својот став и писмено му го соопштил на спикерот Гаши по повод посебната анектна комсија која беше формирана минатата бнедела, а се однесува на сите четири трагедии.
Расправата во Постојата анкетна комисија е завршена, до крајот на неделава треба да се изготватат заклучоци, кои потоа на посебна седница на телото треба да бидат и донесени.
-
Катерина Нешковa
Сите содржини од овој новинар
