АПЕЛ ЗА ПОМОШ: Теодора, мајка на 18-месечно бебе, се бори со рак – потребни се 3,4 милиони денари за лекување
Теодора Ампова има само 24 години, мајка е на 18-месечно бебе, а денес води тешка битка со метастатски карцином на ректумот, кој се проширил и на белите дробови.
И покрај спроведените третмани во Македонија – системска хемотерапија, радиотерапија и дополнителен циклус хемотерапија, болеста продолжила да напредува.
По разгледување на нејзината медицинска документација, лекарскиот тим од болницата Medicana Health Group во Истанбул ја прифатил Теодора за понатамошно лекување. Таму се препорачани дополнителни специјализирани испитувања, молекуларно генетско тестирање и започнување третолиниска терапија со таргетирани лекови и орална хемотерапија.
За лекувањето е потребен и лекот Lonsurf (Trifluridine/Tipiracil), кој не е достапен во Македонија и треба да се набави од Турција, што дополнително ги зголемува трошоците.
За целосниот третман се потребни 3.400.000 денари. Семејството упатува апел до сите хумани луѓе да помогнат со донација или со споделување на апелот.
Теодора се бори за можност да остане покрај своето мало дете и да добие шанса за иднината.
Можете да донирате преку платформата е-crowd на следниот линк.
Ново на Сител
-

Мисајловски од Штип: Армијата со нова опрема и мисија
-

Две лица спасени од водите на Охридското Езеро
-

Арената во спортскиот центар „Борис Трајковски“ се ребрендира во „Т арена“
-

Преглед на вестите од светот
-

Клековски: Епидемијата во Гостивар се смирува
-

Регионалната депонија кај Новаци готова до крајот на 2027 година
-

Од утре започнува топлотен бран, како да се заштитиме?
-

Колкава е опасноста од пајак црна вдовица во Македонија?
