Апел за помош за Ристо Живковиќ, татко на три деца: Потребни се 90.000 евра за операција на тумор на мозокот

Семејството на Ристо Живковиќ упатува апел за помош до хуманите граѓани. Ристо, татко на три малолетни деца и професор во СОУ „Богданци“ во Богданци, со години се бори со тумор во мозокот, кој во одредени периоди му предизвикува сериозни здравствени проблеми и го остава неподвижен во кревет.
Неговата единствена надеж е операција во странство, за која се потребни 90.000 евра. Семејството, по долгогодишни лекувања и трошоци, не е во можност самостојно да ја обезбеди потребната сума.
До овој момент се собрани 5.600 евра, но потребна е дополнителна помош за Ристо да ја добие шансата за нов почеток и повторно да биде покрај своите деца и учениците на кои им е потребен.
Сите кои сакаат да помогнат можат да донираат преку броевите:
T-mobile: 143-117
A1: 143-486
„И татковците имаат право на надеж. Да му подадеме рака на Ристо и заеднички да му помогнеме да ја добие најважната битка – борбата за здравјето“, апелираат неговите блиски.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Жанета Трајкоска, директорка на Институтот за комуникациски студии
-

19 години без Тоше – маратонците денеска пристигнаа од Нова Градишка во Крушево
-

Тоше живее во секое добро дело - детската улица се претвори во песна, а споменот во емоција
-

Истрагата за бегството на Ива Михаилова ќе биде презентирана пред НАТО
-

Пола милион за две фирми преку спорни тендери во УХМР, кривична за екс директорот
-

Жителите на Брвеница во недела ќе гласаат за нов градоначалник: Во трката се шест кандидати
-

Македонците јадат безбедна храна - тврди директорот на АХВ
-

Монтеко со две платинести и една сребрена награда во Белград
