Арачиновец ја грабнал сопругата и со пиштол сакал да ја натера да не се разведе
– Основното јавно обвинителство Куманово донесе наредба за спроведување истражна постапка против 33-годишен жител на селото Орланци, општина Арачиново за кого постои основано сомнение дека во соизвршителство со друго за сега непознато лице сторил кривично дело „грабнување“.
Како што соопшти Јавното обвинителство, на 7 декември 2022 година од семејна куќа во селото Отља, општина Липково тие насилно ја грабнале оштетената сопруга на осомничениот, со кој била во бракоразводна постапка.
На присутните домашни им се заканиле со пиштол и автоматска пушка со намера да ја присилат оштетената да остане во брачна заедница со осомничениот. На главата и ставиле навлака за перница, па така ја влечеле кон задниот излез од дворот на куќата.
-Ценејќи дека се исполнети законските основи, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, се вели во соопштението од Јавното обвинителство.
Ново на Сител
-

Еврокомесарката Кос најавува дека оваа есен ќе биде „есен на проширувањето“
-

21 барање за 5-ти и 6-ти обид за ин витро на државна сметка
-

МОН со 90 милиони евра гради нови училници за едносменска настава и нови спортски сали
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Расте македонската економија
-

СДСМ: ЈО да отвори истрага за унгарскиот кредит
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го кочи развојот
-

Нова спортска сала во Карпош
