Арагчи ги предупреди САД да се воздржат од нови воени авантури

Шефот на иранската дипломатија, Абас Аракчи, денеска ги предупреди САД да се воздржат од нови воени „авантури“, откако ги осуди неодамнешните американски напади врз Иран како кршење на Меморандумот за разбирање од Исламабад во телефонски разговор со началникот на Генералштабот на пакистанската армија, Асим Мунир, објави иранското Министерство за надворешни работи.
Арагчи имаше оделни телефонски разговори со шефовите на дипломатиите на Оман и Турција, Бадр бин Хамад ал-Бусаиди и Хакан Фидан, со кои разговараше за најновите случувања во регионот, особено за ситуацијата во Ормуската Теснина, се наведува во соопштението на иранското Министерство за надворешни работи, пренесуваат британските медиуми.
Соговорниците ја нагласија потребата од користење дипломатски канали за да се спречи понатамошна ескалација на конфликтот, се додава во соопштението.
Два дена наназад Иран и САД разменуваат воздушни и ракетни напади, иако минатиот месец постигнаа Меморандум за разбирање, пренесуваат британските медиуми.
МИА
Ново на Сител
-

Претставници на ФИФА повикани на суд во случајот со продажба на билети за СП 2026
-

Гесан прв фудбалер во историјата што освои две европски натпреварувања во една сезона
-

Кристал Палас ја освои Лигата на конференции
-

Зеленски најави дополнителни напади врз цели длабоко на руска територија
-

Вашингтон со санкции за иранската управа задолжена за контрола на Ормутската Теснина
-

Одбележување на Светскиот ден на Мултиплекс склероза
-

Презентација на воена опрема, возила и способности на единиците на Армијата
-

Собраниска седница за поставување пратенички прашања
