Арагчи: Останува да се види дали САД се сериозни во дипломатијата

Абас Арагчи, по средбите во Исламабад, на кои се не присуствуваше американска делегација, изјави дека не е јасно дали САД навистина се сериозни во дипломатијата.
Арагчи на платформата Икс објави дека во Пакистан го презентирал ставот на Иран за одржлива рамка за завршување на војната, додавајќи дека останува да се види дали САД навистина се сериозни во дипломатијата.
Тој по Исламабад пристигна во главниот град на Оман, Мускат.
Како што претходно беше најавено Арагчи по посетата на Оман ќе отпатува за Русија.
Претходно, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека тој го откажал патувањето на неговите претставници Стив Виткоф Џаред Кушнер во Исламабад на разговори со Иран.
Трамп наведе дека САД „ги држат сите карти во раце“ и оти нема потреба да се испраќа претставници на долги летови за „да седат и да разговараат за ништо“.
Тој истакна дека откажувањето на мисијата во Исламабад не значи нужно продолжување на војната со Ирак.
МИА
Ново на Сител
-

Алиу – Новиот клинички центар во близина на ГОБ 8-ми Септември најповолно решение
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Ова не се нови бугарски барања, туку истите од 2022 година
-

Пуштена во употреба реновираната спортска сала „Расадник“
-

Пламен и ветер создадоа драма над Штип
-

Охрид и Струга остануваат привлечни дестинации
-

Седница на ИК на ВМРО ДПМНЕ
-

Силјановска и Јотова на средба во Бугарија
