-->
-->
Астон Мартин ниту демантира ниту потврдува за интересот на тимот за Верстапен
-->
Извршен директор и тимски шеф на Астон Мартин, Енди Кауел, одби да одговори на прашањата за интересот на тимот за возачот на Ред Бул, Макс Верстапен.
Функционерот ги игнорираше прашањата за Верстапен и гласините дека на возачот му е понуден договор вреден една милијарда фунти.
- Имавме среќа со возачите. Ленс Строл и Фернандо Алонсо се многу искусни момци и имаме долгорочни договори со нив. Главната цел на тимот сега е да изгради брз болид, што не успеавме да го направиме минатата година. Уверен сум дека Строл и Алонсо ќе успеат ако им дадеме конкурентна опрема, изјави Кауел за „Crash.net“.
Минатата сезона Верстапен стана четирикратен шампион во Формула 1. Тој вози за Ред Бул од 2016 година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Уапсени три криминалци од Куманово барани со потерници за затворски казни
-
Орце Ѓорѓиевски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје
-
Во среда се гласа извештајот за Македонија
-
Муцунски во Хаг
-
Муртезани во Париз
-
Расте електронското плаќање
-
Водовод: Секој скопјанец дневно троши по 664 литри вода
-
Интерпелацијата на Костадиновски од Уставен можно е да пропадне