Авганистанец силувал 11 годишно девојче во училиште за посебни потребни во Кобленц

Германската полиција уапси 20-годишен државјанин на Авганистан под сомнение дека извршил силување врз 11-годишно девојче во училиште за деца со посебни потреби во градот Кобленц, јавуваат локалните медиуми повикувајќи се на обвинителството.
Според официјалните информации од истражните органи, инцидентот се случил во училиштето „Ханс Цулигер“. Осомничениот, заедно со уште едно лице, неовластено влегол во училишниот двор за време на наставата. Случајот, како што се наведува, се случил во тоалетот на објектот, откако 11-годишната ученичка излегла од час. Осомничениот, според истрагата, ја принудил малолетничката на сексуален чин, при што ѝ се заканувал со нож.
Поради шок и страв, девојчето неколку дена не го пријавило настанот. Откако за случајот им раскажало на своите родители, веднаш била известена полицијата.
Осомничениот Насер С. е уапсен и се наоѓа во притвор а обвинителството во Кобленц соопшти дека истрагата е во тек. Во меѓувреме, полицијата трага по неговиот соучесник, кој наводно му помогнал во влегувањето во училишниот комплекс, а се проверува и дали уапсениот е поврзан со други слични кривични дела во регионот.
Ново на Сител
-

Нов пристап за стручни кадри во Штип
-

Обуки за спасители на вода
-

Левица бара интерпелација за министерот Панче Тошковски
-

Започна судењето за апелациониот судија Ѓоко Ристов, кај кого беа најдени 350.000 евра
-

СДСМ: Нема пари за референдум, а има за криминални тендери и нов авион?
-

Подготвени измените на законот за нефер трговија
-

85-годишна жена го загуби животот во пожар во семејна куќа во Пинтија
-

Се воведуваат нови мерки и поддршка за граѓаните да се откажат од цигарите
