АВМУ и новинарските здруженија го осудија вчерашниот инцидент во Клубот на пратениците
Поради чија безбедност фоторепортерите добија забрана да си ја вршат работата? Министерот за внатрешни работи тврди дека немало безбедносни проценки кои укажувале дека безбедноста на некои од присустните на синоќешната лидерска средба е загрозена.
- Безбедноста била на ниво на кое процениле службите во МВР. Така, да ништо позначајно од тоа дека требало да биде обезбено местото каде што ќе се оддржува лидерската среддба како што било тоа претходно, вели Спасовски.
Кратко по изјавата на министерот за внатрешни и вицепремиер во владата стигна демант од владината прес служба. Фоторепортерите биле попречени во работата токму поради спроведување на безбедносни насоки, но во соопштението не откриваат поради кого и зошто биле потребни посебни безбедносни мерки.
- Поведени од начелото дека треба да бидат обезбедени еднакви услови за сите претставници на медиумите без исклучок, како и заради безбедносни проценки направени од професионалните безбедносни служби, жалиме што не постоеше можност да се направат исклучоци од однапред утврдените и обезбедени услови за работа на сите медиумски екипи. Исто така, Владата изразува жалење за непријатната ситуација до која е дојдено при спроведување на безбедносните насоки и се заложува решенијата да се бараат низ дијалог и соработка, се вели во соопштението од владината прес служба.
Ставови на државните функционери на крајот повторно со спротиставен одговор ги оставија медиумските работници.
На дел од фоторепортерите кои вчера пристигнаа во клубот на пратеници да ја проследат лидерската средба им било забрането да ги фотографираат партсиките лидери надвор од објектот поради безбедносни причини, а тоа подоцна на својот профил го потврди и советникот на премиерот за односи со јавноста кој тврдеше дека само ги пренел безбедносните проценки.
За потегот на советникот на премиерот и како што велат фоторопортериоте навредата со зборовите ‘‘11 години ве газеа сега ли најдовте да зборите‘‘ реагираа новинарските здруженија, синдикатот и советот за етика во медиумите. Реакција испратија и од агенцијата за аудио и аудио визуелни медиумски услуги.
- Агенцијата апелира дека треба да се најде соодветен начин, на медиумските работници да им се овозможи слободен пристап до сите настани што се од јавен интерес дури и во услови кога се воспоставени посебни безбедносни мерки.
Зачувувањето на достоинството на новинарската професија е особено важно и од тие причини е неприфатливо арогантно и недолично однесување кон претставниците на медиумите, порачуваат од агенцијата.
-

Иван Кузмановски
Сите содржини од овој новинар
