Австралија: Кенгур го убил 77-годишниот сопственик, прв ваков случај од 1936 година

Возрасен Австралиец (77), починал откако бил нападнат од кенгур што го чувал како домашно милениче. Ова е првиот смртоносен напад од овие торбари, по 1936 година, соопштија австралиските медиуми.
Според наводите, болничари биле повикани на имотот на човекот во Редмонд, околу 400 километри југоисточно од Перт, во Западна Австралија. Настанот се случил во неделата попладне, откако тој очигледно бил нападнат од кенгурот.
Член на семејството го нашол сопственикот на кенгурот сериозно повреден, а животното станало насилно кога болничарите се обиделе да му пријдат на човекот. Тие морале да го усмртат торбарот. Кусо потоа, човекот им подлегнал на повредите.
Ретки се напади од кенгур со смртни последици. Последниот пријавен смртоносен напад се случил 1936 година, кога 38-годишен маж бил убиен во Нов Јужен Велс.
Ново на Сител
-

Стотици училишта во Германија и во Данска добиле заканувачки пораки: „Ве чека смрт“
-

Јаневска најави средби со студентите за новиот модел на студентски оброк
-

ЈП Лајка: Вдомени 10 кучиња за една недела, апел до сопствениците да не ги оставаат милениците без надзор
-

Тошковски: Настанот кај Смилковци е класифициран како убиство, истрагата е во рана фаза
-

Тошковски: Максимален фокус треба да ни биде заштитата на жените и децата, системските промени ќе дадат резултати
-

Мицкоски: Правиме се за да нема зголемување на цената на струјата и на парното
-

Од полноќ нови цени на горивата
-

GTA 6 урна рекорди: За 24 часа оствари продажба од 3,79 милијарди долари, повеќе отколку „Avengers: Endgame“ за седум години
