Австралија размислува за помош на земјите кои се мета на ирански напади

Австралиската Влада денеска соопшти дека размислува дали да одговори на барањата за помош за заштита на земјите нападнати од Иран во текот на војната со САД и Израел, која започна пред осум дена.
Истовремено, Канбера објави дека во контекст на ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток, останува на својата позиција дека нема да учествува во каква било воена операција во Иран.
– Гледаме како многу земји, кои не учествуваат директно во конфликтот, се нападнати од Иран во текот на воените дејствија. Како што би очекувале, како резултат на овие настани бевме замолени за помош и тоа многу внимателно ќе го разгледаме – изјави во телевизиско обраќање министерката за надворешни работи на Австралија, Пени Вонг.
Австралија, која е близок сојузник на САД, веќе најави дека нема да испрати свои војници на мисија на Блискиот Исток доколку конфликтот таму дополнително се прошири. Премиерот Ентони Албанезе во петокот истакна дека тројца австралиски војници биле дел од екипажот на американската подморница која потопи ирански воен брод во Индискиот Океан, но нагласи дека тие не учествувале во самата операција.
МИА
Ново на Сител
-

Муцунски ги пречека патниците од Дубаи: Најбитна е безбедноста на граѓаните, до крајот на неделава сите што побарале евакуација треба да бидат во државава
-

Состанок на Г7 за ситуацијата на Блискиот Исток
-

Арагчи: Иранскиот народ, а не Доналд Трамп, ќе го избере новиот врховен лидер на Иран
-

Трамп: Новиот ирански лидер мора да добие одобрение од САД инаку „нема да трае долго“
-

Турција испраќа шест борбени авиони Ф-16 на турскиот дел од Кипар
-

Нападите на Иран врз соседните земји се „огромна стратешка грешка“ - смета генералниот секретар на Арапска лига.
-

Три лица приведени, а две повикани на службен разговор - ги малтретирале сопругите, партнерките, ќерките и снаите
-

Ова е момент кога мора да направиме разлика со опозицијата, работиме на 17 инвестиции и нови 5.000 работни места, вели Мицкоски
