Австралија размислува за помош на земјите кои се мета на ирански напади

Австралиската Влада денеска соопшти дека размислува дали да одговори на барањата за помош за заштита на земјите нападнати од Иран во текот на војната со САД и Израел, која започна пред осум дена.
Истовремено, Канбера објави дека во контекст на ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток, останува на својата позиција дека нема да учествува во каква било воена операција во Иран.
– Гледаме како многу земји, кои не учествуваат директно во конфликтот, се нападнати од Иран во текот на воените дејствија. Како што би очекувале, како резултат на овие настани бевме замолени за помош и тоа многу внимателно ќе го разгледаме – изјави во телевизиско обраќање министерката за надворешни работи на Австралија, Пени Вонг.
Австралија, која е близок сојузник на САД, веќе најави дека нема да испрати свои војници на мисија на Блискиот Исток доколку конфликтот таму дополнително се прошири. Премиерот Ентони Албанезе во петокот истакна дека тројца австралиски војници биле дел од екипажот на американската подморница која потопи ирански воен брод во Индискиот Океан, но нагласи дека тие не учествувале во самата операција.
МИА
Ново на Сител
-

Македонска делегација на комеморација за Холокаустот на македонските Евреи
-

Партиите за предлогот Савески да е државен обвинител
-

Тема на денот со Кирил Миноски, поранешен министер за финансии
-

Судијата Ненад Савески е предлог на Владата за нов државен јавен обвинител
-

Телеком со нова понуда за корисниците – Неограничен интернет и роаминг во повеќе земји
-

Судијата Ненад Савески е предлог на Владата за нов државен јавен обвинител
-

Цените на нафтата паднаа, Владата нема да прогласи кризна состојба
-

Мицкоски ќе побара од маркетите да не ги зголемуваат цените на производите
