Австралијци казнети за лажирање рак кај своето дете
Родителите на шестгодишно момче од Аделаида, Јужна Австралија, се обвинети дека лажирале дијагноза на рак кај детето, бричејќи му ја главата и веѓите, за да соберат пари за себе.
Маж и жена, двајцата на возраст од 44 години, се обвинети дека со измама собрале 60.000 долари за лажното лекување. Говорејќи за овој случај, вршителот на должноста помошник-комесар, Џон де Кандија рече дека „не може да се замисли посуров план од овој што родителите го направија“ со своето дете, пишува „Гардијан“.
-Одвратно е како луѓето сакаат подмолно да заработат од таква состојба каква што е ракот, којшто погодува толку многу семејства во нашата заедница, додаде тој.
Случајот бил пријавен в полиција на 26 ноември, па надлежните власти се поврзале со училиштето каде што детето учи и со тамошните служби за заштита на децата. Де Кандија рече дека истрагата покажала дека на детето не му е потребна медицинска помош.
Синот за кого родителите лажирале дијагноза и второто нивно дете – девојче, ѝ се одземени на несовесната двојка и краткотрајно се сместени кај роднини.
Ново на Сител
-
Муртезани во Париз
-
Расте електронското плаќање
-
Водовод: Секој скопјанец дневно троши по 664 литри вода
-
Интерпелацијата на Костадиновски од Уставен можно е да пропадне
-
Приведен 60-годишник во Скопје, возел со 3,08 промили алкохол во крвта и предизвикал сообраќајка
-
ЦУК: Еден крак од пожарот помеѓу селата Блаце и Чучер е изгаснат
-
ПОЦ: Санкционирани 82 непрописно паркирани возила минатата недела
-
Прпарим Авдили од кумановско Лојане до кандидат за градоначалник на Цирих