Македонија
13. October 2026 - 12:34
Австрија, Чешка и Словачка: Билатералните спорови да не ја блокираат интеграцијата
Австрија, Чешка и Словачка во заеднички нон-пејпер предлагаат билатралните спорови да не го блокираат пристапниот процес на земјите кандидати, при што како примери се посочуваат спорот меѓу Хрватска и Црна Гора, како и оној меѓу Бугарија и Македонија.
Трите земји предлагаат кандидатите постепено да се вклучуваат во европските политики, програми и агенции пред полноправното членство, а дел од техничките одлуки да се носат поедноставно за да не се забавува процесот.
-->
-->
