Автобус се преврте на патот кон бугарско-турската граница кај Мало Трново, има загинати и повредени

Автобус утрово се преврте на пат во близина на бугарско-турската граница во регионот Мало Трново, соопшти градоначалникот на Мало Трново, Илијан Јанчев за БТА.
Има најмалку двајца загинати, рече Јанчев.
Според него, автобусот застанал на патот поради недостиг на гориво, потоа се вратил назад и се превртел.
Сите повредени се извадени од автобусот. Десетмина од нив се однесени во Центарот за итна медицинска помош во Мало Трново, а шестмина со потешки повреди се префрлени во болниците во Бургас.
Полициски екипи се на местото на несреќата.
Инцидентот се случил во раните утрински часови, малку пред 7 часот во правец кон Турција.
Во автобусот имало 39 украински државјани – 37 патници и двајца возачи, соопшти Регионалната дирекција на Министерството за внатрешни работи во Бургас.
МИА
Ново на Сител
-

Собранието и МАНУ со договор за уредување на меѓусебните односи
-

Трамп: Украина мора да сака да стави крај на војната
-

УЈП ќе ги презентира анализите за тоа колку и од каде заработувале граѓаните
-

Виткоф пристигна во Санкт Петербург на средба со Путин, по разговорите со Зеленски
-

НАТО го предупреди Зеленски дека Трамп може да ги запре испораките на оружје
-

Деветти ден од протестите во Тирана, полицијата со солзавец и водени топови се справува со демонстрантите
-

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне локален дожд
-

Крај на петмесечната политичка криза: Романскиот парламент му изгласа доверба на кабинетот на Лука Никулеску
