Македонија
12. July 2025 - 18:05

Автомобил без контрола се движел кон полицајци, дрвокрадци рипнале од него во движење

На 11.07.2025 околу 12.40 часот при вршење на мотопатролна дејност, во с.Липково, Општина Липково, од полициски службеници од Одделот за гранични работи и миграции било забележано товарно возило ивеко“, натоварено со нежигосано огревно дрво.

При даден знак за запирање, возачот не постапил по наредбите и се дал во бегство, а подоцна, тој и совозачот скокнале од возилото и го оставиле да се движи без контрола, кон полициските службеници.

При тоа, возилото излетало од патот, а лицата се дале во бегство. Дрвата и возилото се запленети, а се преземаат мерки за пронаожање на лицата и расчистување на случајот.