Автопатот Велес - Градско затворен за сообраќај, возилата се пренасочуваат по експресниот пат Градско - Дреново

Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило, од 01:20 часот делницата од Автопат А1 Велес - Градско е затворена и возилата се пренасочуваат по експресниот пат Градско - Дреново, информира АМСМ.
Сообраќајот на магистралниот пат Прилеп – Градско се одвива наизменично.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
МИА
Ново на Сител
-

ДУИ победи во Гостивар и Врапчиште, ВМРО-ДПМНЕ во Маврово Ростуше и ДПТМ во Центар Жупа
-

Тема на денот со Сефер Селими, политички аналитичар
-

ДИК бележи намалена излезност
-

Повторени избори во 4 општини
-

Излезноста до 18:30 e 28.07%
-

Повторени избори во 4 општини
-

ДИК бележи намалена излезност
-

МВР нема регистрирано инциденти
