Азир Алиу избран за нов министер за здравство
Со 65 гласа „за“ и 15 против парламентарното мнозинство даде зелено светло за изборот на Азир Алиу како нов министер на здравство. Тој доаѓа на чело на секторот по заминувањето на Тараври од Владата. Премиерот Мицкоски како предлагач вели дека има големи очекувања од новиот министер, вели дека и Алиу и Хоџа како предлог за заменик во земјоделие се дел од процес за унапредување и поставување на нови стандарди..
Власта верува во промени во најкритикуваниот сектор со доаѓањето на Алиу. Велат можноста е дадена, останува на него да ја оправда. За опозициската СДСМ менувањето на министри било пазарна политика, а изборот на Алиу го оценија како некомпетентен.
Партиите од албанскиот блок го скористија изборот на Азир Алиу да си разменат поракии обвинувања откако крилото на Таравари излезе од владината коалиција.
На заменичкото столче во земјоделие по предлог на премиерот оди Албрим Хоџа. Мискоски побара тој да биде поддршка на министерот и заеднички да работат на системски промени и бенефит за земјоделците. Засега се уште останува празно местото на заменик министер за одбрана, по заминувањето на кадар на Таравари.
-
Ивана Соколовиќ Најдова
Сите содржини од овој новинар