Ракомет
8. December 2020 - 19:50

Бабиќ: Дуелот со Тримо е извонредно важен за нас

Ракометарите на Еурофарм Пелистер вечерва во 20.45ч го пречекуваат словенечкиот Тримо Требње од кого беа поразени пред само неколку дена.  Битолчани се под притисок да остварат победа во Европската лига која би го потврдила квалитетот на тимот: „Направивме добра анализа на натпреварот во Словенија, го вративме победничкиот менталитет и верувам дека оваа ситуација е одлична за цел тим и за цел клуб. Стресот ни е неопходен и ова ќе биде тест за мене и за целата екипа. Треба да видиме дали може да играме против стресот и притисокот и да го добиеме овој натпревар. Овој дуел доаѓа во вистинско време и длабоко верувам во овој тим и во неговите квалитети. Во Словенија не го покажавме нашето право лице. Постојат и причини за тоа, но нема потреба да се навраќаме на тоа. Имаме стрес, притисок и јас се радувам на натпреварот“, смета предводникот на македонскиот вицешампион, Жељко Бабиќ.