Loading Video...
Кошарка
6. April 2022 - 12:28

Баерн и Алба во трка за плејофот во Евролигата

Во Евролигата, вечерва ќе се играат два заостанат натпревар од 19.коло кои се значајни за германските претставници Баерн и Алба за нивниот пласман во разигрувањето. 
 
Откако пред два дена му гостуваа на Фенербахче, вечерва кошаркарите на Баерн повторно во Истанбул, гостуваат кај Анадолу Ефес. 
 
Баварците се на осмата последна позиција на тебалата која носи пласман во плејофот, а за која конкурира нивниот германски ривал Анба која во Берлин го пречекува Панатинаикос. 
 
Во зависност од исходот на вечерашните натпревари, а со оглед на тоа дека до крајот на регуларниот дел од сезоната останува да се одигра уште последното коло,  кое на програмата е утре и задутре, ќе се знае дали покрај германските тимови во игра за осмата позиција ќе останат и шпанската Басконија, односно белградска Црвена Звезда кои имаат една односно две победи помалку од Баерн.