Банско криe богата средновековна историја
Селото Банско имало богат и активен живот во средниот век. За ова сведочат и најновите археолошки наоди на локалитетот ,, Свети 40 Севастиски маченици,, каде со последните истражувања беа откриени нови погребувања во средновековната некропола која се наоѓа во близина на црквата. Освен цивилното население, археолозите претпоставуваат дека тука биле погребувани и лица од повисок духовен ранг, што дополнително го потврдува значењето на објектот кој во одреден период бил и епископско седиште.
Според досегашните сознанија на археолозите, во склоп на црквата егзистирале и придружни објекти како дел од поширок манастирски комплекс. Сепак, тие се уште не се откриени. За нивно идентификување потребни се дополнителни теренски истражувања и финансиски средства, со што би се добила поцелосна слика за функцијата и обемот на комплексот низ историјата.
Црквата Свети 40 Севастиски маченици не е единствениот локалитет кој сведочи за активниот живот во средниот век на овој простор. Ова го потврдуваат уште неколку други археолошки локалитети меѓу кои и Мал Кајаси на кој е откриена и мала еднокорабна црква со импозантен фрескоживопис.
-
Зоран Ѓеогриев
Сите содржини од овој новинар