Loading Video...
Кошарка
23. December 2021 - 13:08
Барсе со голем пресврт и по продолжение до победа против Уникс
Најнеизвесниот натпревар од 17-тата рунда во Евролигата го одиграа Барселона и Уникс, што беше решен по дополнителните пет минути. Иако гостите имаа и 20 поени предност на почетокот на четвртата четвртина, но и две шанси во победа, на крајот на регуларнио,т дел но и во продолжението, сепак победата им припадна на кошаркарите на Барселона со конечни 111-109, тим кој останува на првата позиција на табелата.
И во Истанбул, само еден поен го реши победникот на мечот меѓу актуелниот шампион Анадолу Ефес и Црвена звезда. Иако гостите беа блуску фо триумф, сепак најдобриот играч од минатогодишната сезона Мициќ со успешно реализираните слободни фрлања на 9 десетинки до крајот му донесе победа на Ефес со 84-83.
Победа забележа и Алба кој апред својата публика во Берлин го совлада Монако со 92-84, додека дуелот меѓу Жалгирис и Олимпија Милано беше одложен поради неколкумина позитивни членови на италијанскиот тим на Ковид 19.
Денеска на програмата се преостанатите пет средби:
18:00 ЗЕНИТ - МАКАБИ
19:00 БАЕРН М. - БАСКОНИЈА
20:00 ПАНАТИНАИКОС - ОЛИМПИЈАКОС
20:45 РЕАЛ МАДРИД - ЦСКА МОСКВА
21:00 А. ВИЛЕРБАН - ФЕНЕРБАХЧЕ
-
Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->